Зараза од бактерија која јаде живо месо се шири во Викторија

Понеделник, 16 Апр 2018 | Прочитано 92 пати.

Австралиските лекари повикуваат на итна акција за да детално се истражи зошто бактериската зараза која го напаѓа и го јаде човечкото месо прерасанала во вистинска епидемија во државата Викторија, пишува ББЦ.


Бројот на поедини случаи на зараза со Бурили чирот, кожна инфекција која е најчеста во Африка, во послениве четири години се зголемил за 400 отсто. Исто така инфекциите стануваат се потешки и брзо се шират, а лекарите не знаат како да ја спречат заразата.


Минатата година биле пријавени 275 нови случаи, што е за 51 отсто зголемување во однос на претходната година.


Нејасно е зошто овој чир, кој е карактеристичен за тропските подрачја, се појавил во Викторија, односно на подрачје со умерена клима.Никој не знае што се случува и што ја придвижува епидемијата. Проблемот е во тоа што немаме многу време за размислување и расправа бидејќи епидемијата зема се поголем замав, вели доктор Даниел О,Брајан.


Според некои теории, причини за епидемијата може да се дождовите и видот на земјиштетот, како и дивите животни. Минатата година властите пронашле траги од бактеријата во изметот на опосум.


Бурули чирот е исклулително тешко да се лекува, а пациентите се опоравуваат меѓу 6 и 12 месеци. На многумина после тоа им е потребна реконструктивна операција.
До пред неколку години вести за инфекцијата стигале само од тропските региони на Квинсленд и поретко од другите краишта. Оваа болест е најчеста во руралните подрачја на западна и централна Африка, Нова Гвинеја, Латинска Америка и Тропска азија.
Во земјите во развој болеста се поврзува со мочуриштата и стоечките води.


Бурули чирот е кожна болест предизвикана од бактеријата Микобактериум улцеранс. Истата емитува токсини кои ги уништуваат клетките на кожаа, малите крвни ќили и поткоќното масно ткиво што доведува до создавање на грчеви и губиток на делови од кожата. Чирот со текот на време може да доведе до течки деформации или инвалидитет.
Лекарите не знаат како бактеријата се пренесува на луѓето, а постои теорија дека болеста ја пренесуваат комарци.


 

[назад]
loading...
Коментари