Земја на пепел: пустошот што го остави вулканот Фуего

Петок, 08 Јун 2018 | Прочитано 572 пати.

Драматични снимки го покажуваат некогаш зелениот пејзаж покриен со сив пепел по смртоносната ерупција на вулканот Фуего во Гватемала.


Видеото е снимано од птичја перспектива, а ја покажува трагедијата со која се соочени локалните жители. Прикажаното подрачје е претежно пусто, а на снимката се забележуваат само неколку луѓе - веројатно спасувачки тимови.


Вулканот Фуего најпрво еруптира во неделата, а втората ерупција се случи завчера. Најмалку 99 лица загинаа, а околу 300 се повредени. Повеќе од 100 други лица се водат за исчезнати. Оваа ерупција е најголема во последните четири децении на овој вулкан, а во Гватемала е најкрвавата од 1902 година.



 

[назад]
loading...
Коментари