7 модни трендови поради кои ѝ се радуваме на пролетта

Понеделник, 09 Апр 2018 | Прочитано 315 пати.

Сончевата сезона е на прагот, па не очекува наплив од прекрасни парчиња за пролетните денови. Кои се нашите топ фаворити?


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-1.png


Новото годишно доба е вистинско време за експериментирање со стилот. Ниските температури и сивилото се зад нас, а на сцената се враќаат веселите и интензивни бои, цветните дезени и мотиви, лелеавите материјали и неизбежните фустани. Звучи супер, зар не?


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-2.png


Што ќе се носи претстојната сезона? Ви издвојуваме неколку парчиња облека и додатоци што може да ги облечете уште сега, или, пак, барем да се подготвите до пролетта, која календарски пристигнува за неколку дена.


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-3.png


Слоевитите лесни стајлинзи ќе доминираат наредните месеци, а овие модни елементи, дефинитивно ќе ви го подобрат целокупниот аутфит. Одберете ги омилените, па впуштете се во лежерно комбинирање.


Седумте модни трендови поради кои ѝ се радуваме на пролетта се:


1. Бел блејзер


Моќните одела и формалното облекување ја сочинуваат сржта на повеќето модерни стајлинзи. Оваа пролет, инвестирајте во бел блејзер.


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-4.png


Покрај тоа што ќе изгледате одлично, ова парче е и мошне едноставно за комбинирање. Прилега на сѐ, а особено стои во пар со добар џинс или панталони.


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-4a.png


2. Некласичен мантил


Некогаш се носеа исклучиво беж мантили. Денес се достапни во сите можни нијанси и дезени, а се избработуваат од секакви материјали.


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-5.png


Обидете се во својата гардероба да внесете што поколоритен – во впечатлива боја или со интересен принт. Вашиот стил ќе доживее инстантна пролетна промена.


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-5a.png


3. Пуфкасти ракави


Отворените блузи со голи рамена беа хит минатата година. Претстојната пролет, пак, главниот фокус ќе биде насочен на ракавите.


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-6.png


Предимензионираниот „пуф“ крој ќе ги разигра повеќето парчиња облека на градските улици.


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-6a.png


4. Темни фармерки


Доколку се чувствувате пријатно во фармерки, па би сакале да ги носите и на работа, тогаш вложете пари во тексас со темна боја.


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-7a.png


Ваквите модели може да пројдат и како класични панталони, вклопени со убаво сако и префинети потпетици.


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-7.png


5. Пастелни аксесоари


Од светло сини до нијанси на лаванда, невозможно е да погрешите со ниту една пастелна боја. 


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-9.png


Таа веднаш ќе внесе забавна нота во вашиот аутфит. Па, зошто да не го „отворите“ пролетниот шопинг со една чанта во овие тонови?


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-9a.png


6. Пругаст дезен


Пругите се модна класика што одлично изгледа на сите парчиња облека. Синоним се за францускиот шик и елеганција.


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-10.png


Од одела и маички, па до панталони и кошули, пругастиот дезен ќе ви биде најдобар сојузник и оваа пролет.


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-10a.png


7. Облека со точки


Ретро принтот одново се враќа на модната сцена. И тоа на голема врата. 


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-11.png


Претстојната сезона, сигурно ќе ви биде мило да ги носите парчињата со точки, во сите бои и големини.


7-modni-trendovi-poradi-koi-i-se-raduvame-na-proletta-11a.png


Имате ли свој фаворит меѓу пролетните трендови?

[назад]
loading...
Коментари