Бура во Амстердам: Ветерот си „игра“ со авион како да е од хартија (Видео)

Петок, 19 Јан 2018 | Прочитано 1,185 пати.

Низ Европа хара голема бура со ветришта кои достигнуваат брзина и до 110 километри на час. Пилот на еден авион кој слетувал на амстердамскиот аеродром имал големи проблеми.


На социјалните мрежи се појави драматична снимка од пропелерски авион.


Ветерот го носел авионот на сите страни, а после долгата борба пилотот успеал да го приземји и тоа – бочно.



Инаку, пилотите се обучени за оваа техника на слетување под силни налети на ветер, но за набљудувачите снимката изгледа застрашувачка.


На амстердамскот аеродром Schiphol често дуваат силни ветришта, па и многу поголеми авиони имаат проблеми со слетувањето.


[назад]
loading...
Коментари