Цвеклото е „чистач“ на организмот

Петок, 15 Фев 2019 | Прочитано 593 пати.

Резултатите од медицинските истражувања покажуваат дека консумирањето на цвекло го чисти црниот дроб, организмот од токсини и другото „ѓубре“, отстранува опстипација и други проблеми со цревата, но и спречува развој на малигни тумори. Овој зеленчук содржи најголем број на минерали и витамини меѓу кои и исклучително реткиот Б12.


За цвеклото велат дека е во состојба да поправи многу нешта во организмот кои се расипани.


Цвеклото се смета за најкорисен и најлековит зеленчук кој содржи многу витамини и минерали, исклучително е богато со белковини, масти и јаглехидрати, и што е важно, лесно се вари.


Од минерали содржи речиси се – калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, литиум, стронциум, бром. Од витамини најзастапени се Б1, Б2, Ц, како и реткиот витамин Б12.


Црвената боја на цвеклото потекнува од антоцијанинот кој влијае на обновувањето на крвта, додека цвеклото во целина има антиканцерогено својство.


Освен тоа, потврдена е и неговата лековитост во случај на деминерализација на коските и забите.


Присуството на јод го прави скапоцен лек против артеросклероза и процесот на стареење.


Основната голема лековитост на овој зеленчук доаѓа од состојките бетанин и бетаин кои поттикнуваат размена на материите, го регулираат крвниот притисок, го намалуваат холестеролот, ги одржуваат крвните садови во добра состојба, поттикнуваат работа на црниот дроб.


Цвеклото е исклучително корисно во лекувањето на слабокрвност кај децата и младите лица, бидејќи содржи висок процент на железо.


Поволно делува на работата на цревата и нивната перисталтика, бидејќи содржи целулоза и пектин. Сепак за да се задоволат дневните потреби за влакна треба да се изедат пет цвекла со средна големина.


Цвеклото е делотворно и кај најтешките заболувања, меѓутоа со готвењето губи дел од својата лековитост и затоа се препорачува да се консумира свежо.

[назад]
loading...
Коментари