Дрво на кое ,,растат” пари-Фото

Вторник, 19 Ное 2013 | Прочитано 1,302 пати.

Во Шкотска има дрво од кое “растат” монети, кои луѓето кои поминувале од тука ги ставале внатре надевајќи се дека тоа ќе им донесе среќа.


Па така, старата изговорка дека парите не растат на дрво може да падне во вода, затоа што во Пик Дистрикт во Шкотска, тоа едноставно не е случај.



Верувањето во чудесното дрво кое лечи и исполнува желби откако ќе ставите паричка во него датира од 1700 година. Легендата вели дека болниот кој ќе стави паричка во дрвото ќе се излечи, а оној што ќе го извади ќе се разболи.


Исто така, според верувањата, заљубено момче кое ќе успее со еден удар да ја закова паричката во дрвото ќе добие бакнеж од својата драга.

[назад]
loading...
Коментари