Фустанот на Кендал Џенер по кој сите полудеа

Петок, 09 Март 2018 | Прочитано 591 пати.

Модата на Оскарите, како и на Vanity Fair забавата по манифестацијата некако уште ни е тема за разговор и секојдневно знаеме да ги озобруваме фустаните кои познатите дами ги носеа. Но, некако постојано се навраќаме на фустанот кој Кендал Џенер го носеше и по кој навистина полудеа сите!


Откако се одржа доделувањето на Наградите на академијата сите зборуваат за црниот, краток фустан со екстравагантни ракави, кој познатата сестра Џенер го носеше на забавата на Vanity Fair. Тоа што највеќе го привлече вниманието е должината на фустанот. Тој е толку многу краток што навистина ни е чудно како воопшто можеш да се движиш, седнуваш, стануваш, а ништо да не се види. Кендал отсекогаш правела храбри избори за својот моден изглед, а исто така секогаш и користи да ја истакне својата убава градба. Сепак е една од најуспешните модели во светот!




Дали и вие би носеле ваков фустан?

[назад]
loading...
Коментари