Хотел во Танзанија нуди соба под вода

Среда, 20 Ное 2013 | Прочитано 561 пати.

Хотелот Мanta Resort во Танзанија нуди соба под вода . Таа се наоѓа во водите на островот Пемба . Гостите во специјалната соба се изолирани од остатокот на хотелот .



Тие можат да се печат на покривот на својата соба , а навечер да се потопат во океанот , за да спијат . Собата е на четири метри под водата .



Самиот остров Пемба е прилично изолиран . До него се доаѓа со чартер лет од Занзибар . Островот е популарен меѓу нуркачите поради најубавите корални гребени .



Станот под вода е дизајн на шведските архитекти од Genberg Underwater Hotels , кои имаат свој подводен хотел во езеро до Стокхолм , отворен во 2000 година. Тој се нарекува Utter Inn и исто така има една соба во која има два кревети и маса .



Модата за хотели под вода не е толку распространета како трендот да се прават хотели на најгорните катови на највисоките можни згради.



Цените на ноќевањата во Мanta Resort почнуваат од 750 долари.


[назад]
loading...
Коментари