Јадењето кари ја подобрува меморијата и ве прави посреќни

Петок, 26 Јан 2018 | Прочитано 498 пати.

Зачинот кари од неодамна стана многу познат низ нашите краишта и сѐ повеќе семејства го користат во приготвувањето на домашните рецепти. Но, освен тоа што е вкусен, кари зачинот има и добри ефекти врз здравјето на луѓето.


Куркумата, која може да се најде во кари зачинот, е позната по нејзините добри влијанија на здравјето. Таа работи добро против воспаленија, а е позната и како добар антиоксидант. Многумина велат дека токму куркумата е причината поради која постарите лица од Индија многу поретко заболуваат од Алцхајмер за разлика од луѓето од остатокот од светот.


Универзитетот од Калифорнија направи истражување со кое проба да ги открие добрите влијанија од конзумирањето на кари. Научниците кои работеа на ова истражување се надеваа дека ќе направат напредок во докажувањето дека кари зачинот, односно куркумата влијае добро на меморијата.


„Не знаеме што точно прави кари зачинот да има позитивен ефект на мозокот, но претпоставуваме дека ова се случува поради тоа што овој зачин го намалува воспалението на мозокот, што се поврзува со Алцхајмерова болест и тешка депресија“, рече доктор Гери Смол, авторот на истражувањето.


Истражувањето беше спроведено на 90 луѓе од различна возраст, кои претходно се имале пожалено дека страдаат од губење на меморија. На половина од нив им се давала мала доза кари секојдневно, додека другата половина добивала плацебо.


Групата која консумирала кари забележила пораст на мозочните активности и подобрување на меморијата, а покрај тоа, биле и далеку посреќни и не чувствувале многу негативни чувства.

[назад]
loading...
Коментари