Како да откриете кој престанал да ве следи на Инстаграм?

Среда, 27 Март 2019 | Прочитано 129 пати.

Ако се прашувате зошто бројот на следбеници на Инстаграм ви опаднал, веројатно сакате да знаете и кој престанал да ве следи.




Наједноставен начин за да го проверите тоа е мануелното броење и следење на вашите следбеници. Но, доколку имате многу следбеници, тоа е практично невозможно, што значи дека доколку сакате да откриете кој престанал да ве следи, ќе треба да употребите друга апликација.


Со оглед на големиот број на измами, од Инстаграм воведоа строги правила преку кои на бројни надворешни апликации им ја намалува можноста за пристап на вашата листа на пријатели, што значи дека и во овој момент има мал број на апликации кои навистина функционираат.



Една од нив е Follow Metter која ќе ви даде увид во вашата популарност на Инстаграм, луѓето кои престанале да ве следат и слично. Откако ќе ја превземете од „виртуелната продавница“ на iOS или Android, ќе мора преку апликацијата да се најавите на Инстаграм.


Потоа, апликацијата ќе ви прикаже кои корисници престанале да ве следат, ќе ви ги прикаже кои не започнале да ве следат откако вие сте ги заследиле и слично. Според многумина, токму Follow Meter е една од апликациите која најдобро се прилагодува на новите правила за безбедност на Инстаграм.



Покрај Follow Meter, исто така една од побезбедните апликации за ваква намена е Follow Cop, која работи само на Android. Станува збор за апликација која ќе ви овозможи да го следите бројот на следбеници, корисници кои што не ве заследиле иако вие сте го сториле тоа, ќе ви ги прикаже најголемите обожаватели и слично.


Со оглед на тоа што апликацијата ги прикажува само неодамнешните активности, ќе треба да ја проверувате почесто.


[назад]
loading...
Коментари