Пиењето кафе или чај пред спиење не влијае негативно на сонот

Четврток, 08 Авг 2019 | Прочитано 231 пати.

Според веста објавена во весникот „Индипендент“, истражувачи од Медицинскиот факултет при Универзитетот Атлантик во Флорида и Универзитетот Харвард во САД во текот на вкупно 5.164 дена следеле 785 лица доброволци колку консумираат кофеин, алкохол и никотин преку денот и ноќта.


Истражувачката екипа потоа добиените податоци ги споредила со резултатите добиени од сензорите на зглобовите со кои што биле снимени времето на спиење и продуктивноста на спиење на учесниците.


Во истражувањето се покажа дека никотинот и алкохолот го прекинуваат спиењето, додека кофеинот не влијае на спиењето.


Освен тоа, истражувањето покажа дека една цигара запалена пред спиење го намалува вкупното време на спиење за 42 минути кај тие што имаат тешкотии со спиењето, односно се соочуваат со несоница, додека користењето цигари, односно пушењето во текот на ноќта го намалува времето на спиење за околу 43 минути.


Д-р Кристин Спадола од Универзитетот Атлантик во Флорида во статијата што ја напиша за списанието „Sleep“ истакна дека никотинот и/или алкохолот консумирани во рок од 4 часа пред спиење негативно влијаат на континуитетот на спиењето.


Спадола рече: „Не забележавме никаква врска помеѓу консумирањето на кофеин  во рок од 4 часа пред спиење и параметрите на спиење.“


Се укажува на тоа дека од истражувањето се добиени зачудувачки резултати спротивно на распространетото верување дека кафето и чајот влијаат негативно на спиењето, односно предизвикуваат несоница. 

[назад]
loading...
Коментари