Супер луксузната јахта на рускиот милијардер Рашников се укотви пред Бодрум

Петок, 25 Мај 2018 | Прочитано 1,230 пати.

Шест катната супер луксузна јахта долга 140 метри вчера во вечерните часови од населеното место Датча пристигна во близина на Бодрум и се укотви пред Караада


Супер луксузната јахта „Ocean Victory“ на рускиот милијардер Виктор Рашников кој се вбројува меѓу најбогатите бизнисмени во светот се укотви во близина на познатото туристичко одморалиште Бодрум кај градот Мугла.




Шест катната супер луксузна јахта долга 140 метри вчера во вечерните часови од населеното место Датча пристигна во близина на Бодрум и се укотви пред Караада.


На јахтата се наоѓа и хеликоптер.


Не беа дадени информации за тоа дали рускиот бизнисмен милијардер Виктор Рашников кој е познат и како „Крал на железото“ се наоѓа во неговата супер луксузна јахта.


Како што се дознава јахтата извесно време ќе остане во Бодрум и ќе пречека група гости.

[назад]
loading...
Коментари