Таа е главна фаца во Пјонгчанг: Сестрата на Ким пристигнала на Олимпијадата и носи важна порака од својот брат

Петок, 09 Фев 2018 | Прочитано 595 пати.

Сестрата на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун е првиот член на тоа семејство кој ја посетил Јужна Кореја од Корејската војна.



Делегацијата на Северна Кореја, предводена од Ким Јо Јонг, сестрата на Ун, допатувала денес во Пјонгчанг, каде ќе присуствува на свеченоста на отворањето на Зимските олимписки игри. 



Како што се наведува, сестрата на лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун е прв член на тоа семејство кој ја посетил Јужна Кореја од Корејската војна.




Таа во Јужна Кореја допатувала со приватниот авион на својот брат, заедно со претседателот на севернокорејското собрание, 90-годишниот Ким Јонг Нам, а според агендата тој би требало во текот на тридневната посета во сабота да се состане со јужнокорејскиот претседател, Мин Џае Ин.



При доаѓањето Ким Јо Јонг носела црн капут, црн куфер и привлекла големо внимание меѓу присутните фоторепортери.



 Се поздравила со јужнокорејските службеници, меѓу кои бил и јужнокорејскиот министер за унификација, Чо Мјонг Ѓон.



Во делегацијата на Северна Кореја се наоѓа и претседателот на Националниот спортски комитет и директор на Агенцијата која се занимава со меѓукорејски работи. 


Претходните денови јужнокорејските медиуми се занимавале со тоа дали Ким Јо Јонг ќе пренесе порака од својот брат, и дали истата ќе вклучува и предлог за средба на двата лидери.



[назад]
loading...
Коментари