Застрашувачко ново оружје на американската војска!

Среда, 16 Мај 2018 | Прочитано 723 пати.

Безжична врска која го пренесува нишанот на оружјео и околните слики директно во наочарите на војникот.


Ова оружје го нема никој освен тие.


Војскта на САД неодамна доби БЕА систем во вредност од 97 милиони долари во нарачка за нови наочари за ноќно гледање и термичко оружје за програмот Enhanced Night Vision Goggle III and Family of Weapon Sight-Individual (ENVG III/FWS-I), повеќенаменски систем кој овозможува војниците да го елиминираат непријателот.



Овој повеќенаменски систем им овозможува на војниците да ја елиминираат непријателската мета по пат на безжична врска која го пренесува нишанот на оружјео и околните слики директно во наочарите на војникот.


Со други зборови, војниците ќе добиваат футуристички уреди кои ги заменуваат традиционалните наочари за ноќно гледање со интегриран систем, кој им овозможува на војниците на бојното поле да "пукаат позади агол, да гледаат низ густа вегетација или дим, прлус да го разликуваат пријателот од непријателот".


"Тоа не е само уред за ноќно гледање", рекол полковникот Кристофер Шнајдер, менаџер на систем кој може да се носи и ноќе и дење. "Непријателот неможе да не не забележи додека целиме се додека не го повлечеме орозот".


"Како би се обезбедило технички најнапредни и најлесни можени решенија, нашите наочари им овозможуваат на вониците брзо и ефиксано откривање на метата за тактичко движење", рекол Марк Касерес дирекотор на Precision Guidance and Sensing Solutions-a во БАЕ системите, се наведува во соопштението на компанијата БАЕ.


"Кога во целост е интегрирано нишанење на оружјето FWS-I, комбинираното решение дава супеиорна слика и способност да ја фиксира целта, со што може знатно да ги зголеми успехот на мисијата и преживување", додал тој.


Војската планира да произведе 36.000 FWS-I и 64.000 ENGV III и да ги подели на борбените тимови во втората половина на 2018 година.


[назад]
loading...
Коментари